Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк! Се огласија од Анима Мунди за бегството на волците во скопската ЗОО

(ВИДЕО) Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк! Се огласија од Анима Мунди за бегството на волците во скопската ЗОО

Ако ова е заштитата на живеалиштето на волците, тогаш имаме сериозен проблем, реагираат од Анима Мунди, по вчерашната вест дека бели волци избегале од своето живеалиште така што ископале дупка и се нахраниле со дел од животните во скопската зоолошка градина.

Од здружението за заштита на животните реагираат дека “оградата што се гледа на снимката не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство“.

„Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк! Безбедноста на диви животни не смее да се обезбедува со импровизација. Не смее да зависи од среќа. И не смее да се правда со молк. Не, не е вина на само сегашниот директор, ова вака опстојува во континуитет“, се вели во реакцијата.



Слично

Поврзани вести