Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Почна изградбата на „Мала Америка“ во Кавадарци, најавениот станбено - деловен комплекс станува реалност

(ВИДЕО) Почна изградбата на „Мала Америка“ во Кавадарци, најавениот станбено - деловен комплекс станува реалност

Започна изградбата на „Мала Америка“ во Кавадарци. Видео од свеченоста објави КТВ. Поставен е камен темелник. На свеченоста присуствуваа и свештеници. 

Инвестицијата ја поздрави и градоначалникот Митко Јанчев. 

Во општина Кавадарци стартува инвестиција од над 30 милиони евра на нашинец кој живее во Америка. Трајче Зуко Ристоски инвестира во градот.  Тоа е современ станбено - деловен комплекс. 65.000 метри квадратни е површината. Целта е овој објект да привлече туристи, но и да обезбеди конфорен живот. 

фото принтскрин


Фактор и претходно објави дека во Кавадарци ќе никне модерен комплекс - инвестиција од 30 милиони евра на нашинец кој живее во Америка. 

Нашинецот од САД само за Фактор откри детали за инвестицијата во Кавадарци.

Како што пишуваше Фактор, Трајче Ристовски е нашинецот од Америка кој ќе го гради големиот комплекс во Кавадарци, Литл Америка, и во кој планира да вложи 30 милиони евра.

Во разговор за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, открива повеќе детали за планираната инвестиција.


Слично

Поврзани вести