Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Побара вода и го украде бакшишот во кафуле, сопственикот бара помош за идентификување на жената

(ВИДЕО) Побара вода и го украде бакшишот во кафуле, сопственикот бара помош за идентификување на жената

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера на која се гледа како жена бара чаша вода на шанкот од едно кафуле, а потоа ја краде чашата во која бил оставен бакшиш.

Според информациите, настанот се случил вчера околу 18 часот. На снимката се гледа како жената прво бара вода, испива неколку голтки, а потоа ја зема чашата во која вработените собирале бакшиш и си заминува.

„Другари, дали некој ја препознава оваа фина девојка што денес ми ја украде чашата со бакшиш од шанк додека чекаше вода. Од 100 до 150 евра имаше во чашата“, стои во описот на видеото.

Сопственикот преку објавата побара помош од граѓаните за идентификација на жената.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести