Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По професија е шетач на луѓе, но одлично заработува

(ВИДЕО) По професија е шетач на луѓе, но одлично заработува

Прошетката со Чак Мекартни чини 30 долари за час, а тој ги шета луѓето во својот крај во Лос Анѓелес. Овој човек од Калифорнија има необична професија. 

„Се повеќе луѓе работат хонорарно или имаат нестандардно работно време и затоа е навистина тешко да се координираат со пријателите или роднините за да заминат на прошетка“ – изјавил Мекарти, основачот на сајтот „People Walker”, пишува „Гласот на Америка“.

Токму од оваа причина ја создал услугата „шетање на луѓе“,  која нуди физичка активност и разговор. Бизнисот кој почнал како работа на еден човек пред само две години, сега се раширил и Мекарти има околу 35 шетачи, а нивната главна понуда е друштвото.

Истражувањата покажуваат дека социјалната изолација може да доведе до депресија и различни заболувања. Според наодите на експертите, паметните телефони и социјалните медиуми нудат вештачка замена за реалните човечки односи.

Мекарти додава дека тие што плаќаат за прошетка со некого не значи дека немаат пријатели. На некои им е потребен само додатен поттик да стекнат кондиција.

„Бидејќи имам друштво, одиме далеку повеќе отколку што мислев дека можам. Во првата прошетка поминавме само два километри, во следната четири и самата себе си се изненадив. Многу е позабавно кога имате со кого да разговарате“ – изјави Ени Ди.

За Мекарти, овој бизнис е само работа на страна. Тој е актер и се обидува да се пробие во Холивуд.


Слично

Поврзани вести