(ВИДЕО) По една година на функција Асим Муса „уловен“ како зема мито за операција
Корупциска афера го тресе здравството во државата.
Асим Муса кој беше предложен од Владата во мај минатата година за заменик министер за здравство е снимен како зема мито за операција.
„Делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар а наводно пациент е новинар.
Видео снимката ја објави истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel.
Наводно „пациентот“ и заменик министерот се договараат за термин за операција која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга, познат како Дијализа а од договореното се заклучува дека операцијата треба да биде илјада евра, а Муса зема однапред 50 евра.
Оригинален линк од Видеото може да го погледнете тука.
Слично
