Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Планинарот е извлечен, акцијата е успешна, вели Тошковски

ВИДЕО Планинарот е извлечен, акцијата е успешна, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека комплексната спасувачка акција во близина на Пелистер е успешно завршена. 

Планинарот кој се здобил со скршеница на нога на тешко пристапен терен е извлечен и како што вели Тошковски, во интервенцијата учествувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

„Упатувам искрена благодарност за нивната пожртвуваност, професионализам и човечност. Со оваа акција нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна, особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови“, напиша на Фејсбук министерот Тошковски.

View this post on Instagram

A post shared by Faktor.mk (@faktor.mk)


Слично

Поврзани вести