ВИДЕО ФАКТОР24: Физички лица под опасност да плаќаат ДДВ
Дали и зошто да се оданочуваат физичките лица кои прават годишен приход над 1 милион денари? Уставниот суд ја отфрли иницијативата на правникот Стамен Филипов кој побара да се укине или поништи решението со кое физичките лица остваруваат годишен промет над 1 милион денари да бидат регистрирани како даночни обврзници.
Екс министерот за финансии Никола Поповски и даночниот експерт Павле Гацов, економскиот експерт Бранимир Јовановиќ во Фактор 24 за даночната политика и за оданочувањето на физичките лица во продолжение во емисијата и за актуелните политички случувања.
Кој става масло во огнот? Анализираме со Јане Димески од Институтот за демократија и универзитетскиот професор Јордан Шишовски.
За овие теми ќе може да ги слушнете мислењата на стручни лица во утрешната емисија на ФАКТОР24 во 22.30 часот на тв 24.
ФАКТОР24 е политичко-економски магазин во изработка на порталот Фактор.мк.
