Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЕТРОВСКА: За само 10 дена Мицкоски трипати го погази зборот

(ВИДЕО) ПЕТРОВСКА: За само 10 дена Мицкоски трипати го погази зборот

Пратеничката Славјанка Петровска изјави дека за само 10 дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски трипати го погази зборот. 

Потсети дека на 26 февруари Мицкоски рече дека ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира. 

„Денеска како што можеше јавноста да види воопшто не биле игнорирани, на средба со ВМРО-ДПМНЕ се договарале. На 24 април Мицкоски обвини дека СДСМ се пудлици во скутот на ДУИ. После денешната средба и коалиција прашањето е кој во чиј скут седи?“, рече  Петровска синоќа во македонското Собрание.

Како што додаде третото посипување со пепел односно голтање на зборови е соопштението од ВМРО-ДПМНЕ објавено вчера за средба со Европскиот фронт. Според Фатмир Битиќи од СДСМ, зголемувањето на бројот на министерства не води до ефикасност и тоа не е придобивка за граѓаните. 

Слично

Поврзани вести