(ВИДЕО) ПЕТАР РИСТЕСКИ: Се сомневам дека пожарот е подметнат бидејќи во објектот нема никаков електричен приклучок
Ја гледате штетата, во моментот навистина не можам ниту да се сомневам во некој, ниту да посочам со прст лично кон некого, кој е сторител. Но, единствено што ми паѓа на памет е дека ова е политички сторено дело, изјави Петар Ристески, координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп чија викендичка синоќа е опожарена.
Смета дека настанот е политички мотивиран и додава дека не е првпат, туку и дека кога СДСМ славеше победа му била оштетна портата од семејната куќа.
„Се сомневам дека пожарот е подметнат бидејќи во објектот нема никаков електричен приклучок, нема електрични апарати, нема плински уреди, така да МВР нека си ја врши слободно својата работи и се надевам дека за брзо ќе ги откријат не само сторителите на овој гнасен чин туку и нарачателите“- рече тој.
Околу 22 часот и 30 минути синоќа во противпожарната служба во Прилеп е пријавено дека е опожарена викендица на патот за село Волково.
