(ВИДЕО) ПЕШЕВСКА ДО ЏАМБАСКИ: Бугарија да го признае македонското малцинство
Бугарија да го признае македонското малцинство и фактот дека во Македонија живеат горди Македонци, порача пратеничката Жаклина Пешевска и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се обрати пред Советот на Европа.
„Во срцето на Европа на седница на Мешовит парламентарен комитет во Европскиот парламент побарав да се признае македонското малцинство во Бугарија, а на националистот Ангел Џамбаски му порачав: Бугарија да го почитува правото на самоопределување и да го прифати историскиот факт дека постои Република Македонија со горд македонски народ, кој зборува на македонски јазик“, изјави таа.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска предизвика бес во Европскиот парламент, споредувајќи ги македонските парламентарци присутни во Стразбур со фашисти.
Германскиот европратеник од редовите на Зелените, Рајнхард Бутикофер рече дека Џамбаски треба да биде исфрлен од средбата.