ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Пендаровски: Нарачател на атентатот на Глигоров е Милошевиќ, нема друга логика

ВИДЕО Пендаровски: Нарачател на атентатот на Глигоров е Милошевиќ, нема друга логика

Нарачател на атентатот на експретседателот Киро Глигоров е поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ. Овој став во интервју за Лајм ТВ го истакна поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

„Не можам да видам друга политичка логика освен Слободан Милошевиќ. Еден ден пред да се случи атентатот, Глигоров е на разговор со Милошевиќ. Не се сами, присутна е и шефицата на кабинет на Глигоров, Жана Османли. Суштината е следна: Милошевиќ го прашува нашиот претседател: „Дали е ова дефинитивно, дали има некакви шанси за нова, скратена конструкција, Југославија“. Глигоров му вели „Не, не може да се враќаме назад. Милошевиќ му вели: „Нели може некоја царинска унија да биде меѓу двете држави“, на што Глигоров вели дека треба да види дома“, рече Пендаровски.


ad
Слично

Поврзани вести