(ВИДЕО) Пендаровски ја честита Новата година и повика на сплотеност
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, освен традиционалниот поздрав- за здравје , среќа и благосотојба, повика и на поголема сплотеност на сите, меѓусебно помирување, на похумано и солидарно и праведно општество.
„Сите ние сме едно големо семејство кое има еден заеднички дом, тоа е нашата заедничка држава. Посакувам, во 2020-та, во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани, со еднакви права и обврски. Владеењето на правото и правдата ќе ни ја врати не само довербата во институциите, туку и меѓусебната доверба“, порачува Пендаровски во новогодишното видео-обраќање.
Ова е прва негова честитка до граѓаните за Нова година откако стапи на функцијата претседател.
