Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАРТИСКИ НАТЕГАЊА И ИГРИ ВО ДУИ: Ахмети преговара и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ПАРТИСКИ НАТЕГАЊА И ИГРИ ВО ДУИ: Ахмети преговара и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ

Целодневните разговори на ДУИ дали да коалицираат или не со Груевски во новата влада завршија без одлука и продолжуваат утре во 14 часот.

Неофицијалните информации говорат за жестоки натегања и расправии во седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Од изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети можевме да забележиме дека тој е вознемирен и потенцира дека тој е претседател на партијата и знае кого каде го испратил. Ова се однесува на прашањето дали знае дека автомобилот на Бејта е виден пред седиштето на СДСМ.


Од партијата на СДСМ засега не ја коментираат состојбата.

Заев не сакаше да дава било какви коментари .


Во денешната изјава портпаролот на ДУИ Бујар Османи пак рече дека се водат интензивни разговори со ВМРО-ДПМНЕ.

Идната влада е полна со неизвесности.

Рокот на мандатарот Груевски истекува утре на полноќ. 

Видео: ТВ21

Слично

Поврзани вести