Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАНДЕВ ПО РОНАЛДО: Да ги тргнеме кока-колите за да ставиме струмка

(ВИДЕО) ПАНДЕВ ПО РОНАЛДО: Да ги тргнеме кока-колите за да ставиме струмка

Роналдо, Погба, денеска и Пандев. Трендот со поместувањето на шишињата на прес конференциите на Европското првенство во фудбал го почна португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, го продолжи Французинот Пол Погба, а на наше задоволство заради добро расположение со тоа се пошегува и капитенот Горан Пандев. Тој денеска пред последната прес-конференција во Амстердам смеејќи се рече да ги тргне кока-колите за да стави Струмка. Пред неколку дена Кристијано Роналдо ги тргна шишенцата од пред него и така ги урна акциите на компанијата за четири милијарди долари.



Еве го потегот на Кристијано Роналдо кој порача дека е подобро да се пие вода кој стана вирален.


Сличен потег направи и францускиот репрезентативец Пол Погба. Тој на прес-конференцијата тргна од масата шише пиво „Хајнекен“, затоа што е од исламска вероисповед, а во исламот алкохолот е строго забранет.




Слично

Поврзани вести