(ВИДЕО) ПАНДЕВ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО: На 38 години ќе играм на европско, не верував во тоа
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев искажа благодарност за пречекот на граничниот преми Блаце на владината делегација на чело со премиерот Зоран Заев по историскиот пласман на Европско првенство, пренесува порталот Екипа.
„Ви благодариме на пречекот во овие утрински часови. Уште ние фудбалерите немавме учество на Европско првенство па еве и ние конечно се израдувавме. Се уште не сме свесни што направивме и колку е ова навистина огромен успех. Доживеав на 38 години да одам на Европско првенство и тоа е мојата најголема радост. Знам дека поминавме долг пат за да дојдеме до ЕП, но верував во овие момци уште од самиот почеток, дечките навистина го заслужија ова“, истакна Пандев пред собраните медиуми.
Инаку Пандев заедно со неговите колеги од репрезантацијата доцна во ноќта пристигнаа во Скопје со автобус од Приштина, откако поради густата магла, авионот не успеа да слета во Скопје.Фото Екипа, Видео ТВ 21
