Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

Силен дожд, ветер и град имаше во Скопје. 

Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) информираат дека добиле пријави и известувања за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.

Имало пријави и за поплавени куќи, подрумски простории, гаражи и улици. Во делови од градот имало и проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради.

Како резултат на невремето, од ЦУК, велат дека имало и оштетени автомобили, паднати огради и блокирани улици.


Слично

Поврзани вести