Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО )ПАДНА ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Тошковски соопшти што направиле

(ВИДЕО )ПАДНА ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Тошковски соопшти што направиле

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава и достави предлог за утврдување дисциплинска одговорност против двајца полициски службеници од ПС за ГП Долно Блаце кои постапиле спротивно на законите и со тоа го нарушиле угледот на МВР.

Имено, првопријавениот М.И – полициски службеник од полициската станица за граничен премин Долно Блаце во два наврати во системот за контрола на патници евидентирал лица – турски државјани кои не оствариле влез на граничниот премин и воопшто не биле присутни на граничниот премин.

Дополнително, второпријавениот К.С. како раководител на смена пропуштил да изврши должен надзор врз работата на првопријавениот и со тоа им овозможиле на турските државјани да го регулираат престојот во Македонија и покрај тоа што како странци го надминале дозволениот период за престој во државата.


Слично

Поврзани вести