Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ОБНОВЕНО) ОВА ГИ ЗАГАДУВА БАТИНЦИ, ПИНТИЈА, ДРАЧЕВО, ЛИСИЧЕ, АЕРОДРОМ - Граѓани алармираат дека гори Дрисла

(ОБНОВЕНО) ОВА ГИ ЗАГАДУВА БАТИНЦИ, ПИНТИЈА, ДРАЧЕВО, ЛИСИЧЕ, АЕРОДРОМ - Граѓани алармираат дека гори Дрисла

Густ и црн чад кој излегува од депонијата Дрисла во околината на Скопје ги вознемири граѓаните од околните села кои утрово алармираа и преку социјалните мрежи за големината на пожарот. 

Според жители кои се во близина и кои објавија видео на социјалните мрежи, се гледа чад кај депонијата Дрисла во Скопје, а граѓаните стравуваат дека се работи за горење на медицински отпад кој може да е канцероген.

Официјалните информации од Центарот за управување со кризи се дека активни пожари во државава нема, а дека има чадење кај Дрисла. Се чекаат повеќе детали од надлежните.

- Што горат не е јасно. Се јавивме на некои места да се распрашаме за димот, и велат може да е канцероген. Ова го загадува Батинци, па Пинтија, Драчево, Лисиче, Аеродром. Или намерно ова го прават за да ги покријат нелегалните работи во депонијата. Сакаат да скријат нелегални работи кои ги прават на депонијата Дрисла. Ова е страшно. Луѓето се исплашени... - вели Сених Браховиќ кој објави видео на својот Фејсбук профил. 

Неговата објава веќе се шерува на Фејсбук мрежата, а во видеото тој бара надлежните побрзо да реагираат, и да се испратат апели до луѓето кои се загрозени да ги напуштат своите домови, и да се засолнат онаму каде не достигнува димот. 

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот бил изгаснат кратко време по неговото пријавување. 

- Утрово се појавил мал пожар на скопската депонија Дрисла кој набргу по избувнувањето бил изгаснат од страна н БППЗ Скопје - напиша првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во продолжение видеото од загрижен жител од околината на депонијата, кој сподели со јавноста дека има пожар во Дрисла од кој се издигнува густ црн чад


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести