Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров уриваше хангар на државно земјиште

(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров уриваше хангар на државно земјиште

Општина Ѓорче Петров урна нелегален хангар изграден на државно земјиште. Станува збор за објект во чии рамки имало метална конструкција, но и тврда градба од бетон.

Во уривањето учествуваа багери, акамиони беа ангажирани во расчистувањето на отпадот. Сопственикот е непознат, бидејќи не се појави.

„Согласно законската регулатива, донесовме Решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.

Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и "дупки во законот" за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото“,се огласи градоначалникот Александар Стојкоски..

Хангарот се градел на две парцели кои се државно земјиште, на површина од околу 10 илјади метри квадратни. 


Слично

Поврзани вести