Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возачот во Итната медицинска помош во Кочани кој почина

(ВИДЕО) Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возачот во Итната медицинска помош во Кочани кој почина

Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возачот во Итната медицинска помош во Кочани, кој учествуваше во спасувањето на повредените млади луѓе по пожарот кој се случи лани во дискотеката „Пулс“. Ова го објави градоначалникот на Делчево,  Иван Гоцевски на Фејсбук. Во дворот на Здравствениот дом во Делчево ќе биде уреден парк што ќе го носи неговото име. Од општината велат дека просторот ќе биде симболичен потсетник за идните генерации за хуманоста, професионалноста и пожртвуваноста во борбата да се спаси човечки живот.

Во негова чест веќе е поставена спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во градот – место што ќе потсетува на неговото херојство и пожртвуваност.

„Со длабока почит се сеќаваме на нашиот сограѓанин Иле Гоцевски, кој утрото на 16 март беше на првата линија во спасувањето на повредените. По 40-часовна напорна и трауматична работа, тој починал на 17 март во својот дом“, напиша градоначалникот.

Според објавата, Гоцевски во текот на акцијата за спасување возел 11 пати до Клиничкиот центар во Скопје, а помагал и во пронаоѓањето и препознавањето на повредените деца. 


Слично

Поврзани вести