(ВИДЕО) Охриѓани сепак се искапеа во водата на Охридско езеро
Иако Светиот крст не се положи во водите на Охридското езеро и годинава Водици се чествуваше поинаку поради пандемијата, сепак охриѓани се искапеа во водата.
Охрид 1 јави дека прв во езерото со крстот во рака влегол Никола Чорбе, кој го фатил крстот во Варош кој се фрлаше во црковен казан, а по него останатите.
Капачите првично три пати ја пееле песната Во Јордание.
Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, преку објава на Фејсбук минатиот викенд апелираше граѓаните на Водици да се воздржат од традиционалните групирања за време на големиот христијански празник
-Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца“, напиша Георгиевски на фејсбук
Извор Охрид1