(ВИДЕО) ОГРАБЕН ГРОБОТ НА ТАПАНАРОТ НА ДНК: Неговиот татко вели ова е 14-ти пат
Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, на Фејсбук сподели видео кое го прикажува, како што тврди, ново ограбување на гробот на неговиот син.
На видеото се гледа повозрасна жена како краде саксии со цвеќе од гробот.
Во емотивната објава, Драги истакнува дека ова е 14-ти пат гробот на неговиот син да биде ограбен:
„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.
Слично
