ВИДЕО од страотната несреќа: Камион од Скопје излетал од патот кај Требеништа, целосно е смачкан
Камион со скопски регистарски таблички излетал од патот од мостот кај Требеништа. Камионот е целосно уништен, а возачот е хоспитализиран, објави Охрид 1.
Несреќата се случила денеска утрово во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа. Товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот.
Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди.
Слично
