(ВИДЕО) ОД ЛЕВИЦА ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СЕ ПЛАШАT: Апасиев и други пратеници си разменија пцовки
По инцидентот кој денеска се случи во Собранието, од Левица порачаа дека не се плашат.
Велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ провоцираат.
„Имено анонимнниот пратеник Зоранчо Јованчев денеска го опцу Димитар Апасиев спомнувајќи го неговото семејство. Интересно е за јавноста, овој пратеник има две кривични пријави, една е за дивоградба во Лозово, другата е за крадење на вода, за див приклучок. Нашата порака е дека не им се плашиме, ние сме шесторица, тие 58, нека бидат уште 50, на секој насилнички одговорор ќе вратиме уште пожестоко“, изјави Амар Мециновиќ, пратеник од Левица.
Вербална расправија помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ настана на денешната, прва по носењето на новиот Деловник, собраниска седница посветена на пратенички прашања од опозицијата. Собраниското обезбедување спречи расправијата да прерасне во физичка пресметка. Во минатото, за малку ќе имаше тепачка меѓу Апасиев и тогашниот пратеник од СДСМ, Мартин Костовски.
фото принтскрин