(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на социјалните мрежи објави видео од рушење на дивоградба во Инџиково, која како што информираше, почнала да се руши уште во раните утрински часови.
„ЗА УРБАНАТА МАФИЈА НЕМА МЕСТО ВО ГАЗИ БАБА!
ЗАКОНОТ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА!
Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект!
Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР. Компромис со почитувањето на Законот – НЕМА! Апелирам до сите граѓани: Почитувајте ги законите и не започнувајте градба без добиено Одобрение за градење. Ред, закон и еднаквост за сите!“, напиша тој.
Слично
