Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Објавена е снимка од тепањето на Христијан Пендиков

(ВИДЕО) Објавена е снимка од тепањето на Христијан Пендиков

Објавена е снимка од тепањето на Христијан Пендиков кое се случи во Охрид на 19-ти јануари годинава. 

Видео снимката од безбедносните камери ја презентираше обвинителот. На снимката се гледа како две лица го тепаат Пендиков, додека трето лице гледа што се случува.

Обвинетиот во случајот е  Илија Спасески, кој е инаку наставник по професија. Тој се товари за напад од омраза со тешки повреди. Спасески се изјасни за невин. Спасески наводно му рекол на Пендиков „Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“.

Пендиков не дојде во судот. По тепачката, бугарски владин авион го однесе Пендиков во Софија на лекување. Бугарија бурно реагираше за настанот. Пендиков е секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Потоа, Пендиков во Бугарија даде интервју за националната телевизија и тврдеше дека во Македонија е нормално да ги тепаат, плукаат, пцујат Бугарите. По ова, македонските власти рекоа дека кој шири невистини треба да одговара, а Пендиков не треба да е исклучок. 


Слично

Поврзани вести