(ВИДЕО) Обилни врнежи од дожд во Куманово
Обилни врнежи од дожд и грмотевици денеска имаше во Куманово.
Од Центарот за управување со кризи во Куманово велат дека врнежите од дожд не предизвикале сериозни проблеми, но апелираат до граѓаните во случај на штети, истите да ги пријават во надлежните институции. Во некои делови од градот градот имало прекин на електричната енергија поради дефектите во електричната мрежа. Според видеата, во липковско Слупчане паѓал град.
На социјалните мрежи се појавија видеа од врнежите.
Според најавите од УХМР се очекува на некои места да наврнат 30 литри дожд на метар квадратен.
Слично
