(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: Голем ден, дел од автопатот Охрид – Кичево е пуштен во сообраќај
Дел од автопатот Охрид – Кичево потегот од Врбјани до Ботун е пуштен за сообраќај, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Тој на социјалните мрежи објави и видео од патот. Министерот пишува дека ова е голем ден. После 11 години откако почна да се гради автопатот Кичево-Охрид, денеска висока државна делегација на патот кај Дебарца, промовираше дека се завршени 20 километри на потегот од Врбјани до Ботун од автопатот, кој е со вкупна должина од 57 километри. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кажа дека до крајот на 2026 ќе биде готов и целиот автопат. Автопатот почна да се гради во 2014 година.
Слично
