Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Никола Димитров ги повика граѓаните да гласаат, ако не тоа ќе биде бело знаме за правдата

(ВИДЕО) Никола Димитров ги повика граѓаните да гласаат, ако не тоа ќе биде бело знаме за правдата

Седењето дома е бело знаме и предавање во однос на правдата, порача носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 1, Никола Димитров. 

Тој им се обраќа на разочараните граѓани, и ги повикува да 15 јули да излезат и да гласаат. 

Вели дека и тој е разочаран, но не се откажува, не крева раце. 

„Во моjот ресор, душата jа оставив. Таа огромна планина се искачи, постигнавме децениски цели, влеговме во НАТО и на чекор сме од почеток на пристапни преговори со ЕУ, во фаза сме кога се разговара за таа динамика и се усвоjува Преговарачката рамка. Денес сакам да ви ветам лично jас, истата жар и енергиjа што ги вложив за првата голема планина, ќе ги вложам за оваа држава да има правда. Сега кога безбедноста, предвидливоста, иднината и границите веќе не се прашања, на сите ни е jасно коjа е следната голема битка – тоа е битката против корупциjата, криминалот и подземjето“, вели Димитров.


Додаде дека негласањето или гласањето за ВМРО-ДПМНЕ, е бело знаме за правдата. 

На 15 јули во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

Владата го прогласи 15 јули за неработен ден и тој нема да се одработува. 

Слично

Поврзани вести