Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Невреме зафати делови од Македонија, на удар кратовско, Пробиштип, Кочани

(ВИДЕО) Невреме зафати делови од Македонија, на удар кратовско, Пробиштип, Кочани

Во кратовско, Пробиштип, Кочани попладнево имаше невреме. Метеорологот Славчо Попоски објави видео на кои се гледа дека паѓало и град. 



Meтеорологот Славчо Попоски вели дека навечер, особено во североисточните предели од државава можна е појава на изолирано невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.  Оваа нестабилност би можела да помине низ Куманово, Крива Паланка и да се спушти кон Делчево.

„Екстремно високите температури продолжуваат и понатаму во Македонија, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе надминуваат и 40 степени, особено во вторник кога во тие предели можно е температурата да се искачи и до близу 45 степени. Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10). Во Скопје и околината исто така температурата ќе достигнува до близу 40 степени, а во вторник можно е таа да се искачи и малку над 40 степени“, вели Попоски. 

Големо освежување на времето и пад на температурите дури за околу, па и за повеќе од 10 степени очекуваме од ноќта среда кон четврток, и сево ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, но врнежи не се очекуваат со ова освежување.


Слично

Поврзани вести