(ВИДЕО) Невреме со дожд и град во Охрид
Невреме синоќа имаше во Охрид.
Нестабилноста која синоќа го зафати охридско-преспанскиот регион и која беше поизразена на планината Галичица, доведе до појава на невреме и во Охрид.
Околу 19 часот за кратко време наврнаа 18 литри/м2 дожд, а имаше и појава на град со големина на леблебија. Невремето траело десетина минути, но улиците личеа на реки.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од невремето кое го зафати Охрид.
Слично
