Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Невиден хаос во Марино: Возач шлајфува низ улиците, гори гуми и предизвикува ужасна бучава!

(ВИДЕО) Невиден хаос во Марино: Возач шлајфува низ улиците, гори гуми и предизвикува ужасна бучава!

Жителите на Марино секоја вечер мака мачат со возач кој во населеното место, на улицата помеѓу куќите во раните утрински часови постојано шлајфува, прави невидена бучава и ужасна смрдеа од изгорените гуми.

Видеото од неговото дивеење е објавено на социјалните мрежи, а населението го повикува МВР да го открие лицето кое во два часот по полноќ „лудува“ со возилото.

„Видеото е направено на 02.06.2026 година околу 01.00 часот од семејство кое живее на главната улица во Марино и секоја вечер нема мир.

Колата е веќе на радар и набргу ќе биде пријавено во МВР за откривање на истото, а е едно од неколку што дивеат во вечерните часови во нашата општина.

Кој ќе се препознае нека знае дека крајот набргу му доаѓа и јавно ќе биде објавен.

Споделете за наша општа и колективна безбедност“, се вели во објавата на Игор јакимовски.


Слично

Поврзани вести