(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН ПЕРФОРМАНС НА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ПРИЛЕП - направен со убав мотив, ги насмеа граѓаните
Кога се сака да се подготви нешто интересно и креативно, некогаш може и да се претера работата. Па наместо интересен перформанс, кој требаше меѓу другото, да ја покаже и благодарноста кон медицинските работници кои се во првите редови во битката со короната, жените од СДСМ Прилеп за некои подготвиле комична точка.
Станува збор за интересно видео кое се појави на социјалните мрежи и стана вистински хит. Имено, активистките од Форумот на жени ОО СДСМ Прилеп со смислена корегорафија танцуваа во штабот на СДСМ, а оттаму се упатија и до Општата болница во Прилеп, каде медицинскиот персонал ги дочека со ракоплескање, а потоа сите заедно излегоа надвор и продолжија со танцување.
За ова видео се огласи и Богдан Илиевски Бетмен од ВМРО-ДПМНЕ. „Го гледав еднаш. Уште еднаш. Уште еднаш. И не ми беше јасно што гледам, па го запишав, со надеж дека некој ќе објасни. Во секој случај, едно е јасно, се работи за еден од оние видео-спотови кои излегуваат на 30-ти декември, но ја одбележуваат целата година“, пишува Бетмен. Погледнете го видеото.
Заевите сведици у некој обред ли, што ли pic.twitter.com/5ROrqhIQpR
— Kuglica (@Kuglica6) December 30, 2020
