Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕМА КОЈ ДА МУ ПОМОГНЕ, ГЛУТНИЦА РАЗУЛАВЕНИ КУЧИЊА НАПАДНАА СТРУМИЧАНЕЦ - ќе го решат ли еднаш проблемот локалните власти

(ВИДЕО) НЕМА КОЈ ДА МУ ПОМОГНЕ, ГЛУТНИЦА РАЗУЛАВЕНИ КУЧИЊА НАПАДНАА СТРУМИЧАНЕЦ - ќе го решат ли еднаш проблемот локалните власти

Ужасна случка е регистрирана на улиците на Струмица, кога огромен број подивени кучиња скитници напаѓаат човек на велосипед.

Видеото, кое го објави Струмица Денес, е кусо и покажува само како кучињата го обиколиле несреќниот човек и лаат околу него, а тој се обидува да се одбрани со единственото „оружје“ што го има на располагање, а тоа е неговиот велосипед.

Нема епилог како завршува целата оваа вознемирувачка случка. 

Она што е најмногу изненадувачки од се, пак, е што никој од сограѓаните кои сведочат на настанот, па дури и оној што го снимил видеото, не се обидуваат да му помогнат на нападнатиот, иако се чини дека навистина му е потребна помош и некој да го одбрани од разулавената глутница.

Реакциите на граѓаните од Струмица се дека е потребно итно решавање на проблемот со кучињата скитници во нивниот град.

Впрочем како и во Скопје, Тетово, Гостивар, и во речиси сите македонски градови, за кои локалните власти никаде не успеаја да најдат солуција.


Слично

Поврзани вести