Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „НЕКОЈ ПОВТОРНО СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО РЕАКТИВИРА ПОЖАРОТ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО“: Ангелов со нови информации

(ВИДЕО) „НЕКОЈ ПОВТОРНО СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО РЕАКТИВИРА ПОЖАРОТ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО“: Ангелов со нови информации

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, излезе со видео порака за состојбата со пожарот во Чучер Сандево.
Како што рече тој, за среќа пожарот е ставен под контрола, но се поизвесно е дека пожарот е подметнат, како што за Фактор истакна и градоначалникот на оваа општина.
Тој демантираше дека изгореле куќи и цркви, и нагласи дека направиле се за да спречат пожарот да зафати објекти.
„Забележавме фрлени палети кои најверојатно биле натопени со бензин“, рече Ангелов додавајќи дека некој утринава повторно се обидувал да го активира пожарот.
Инаку, од МВР информираа дека два полициски хеликоптери, денеска од утринските часови, интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево. 

-Денеска, од самите утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, Бел 412 и Агуста бел 212 интензивно учествуваат гасење на пожарот кај Чучер- Сандево, соопшти МВР.

Досега, како штп посочуваат од МВР, се исфрлени преку 70 тони вода.

Се огласи и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, со оглед на тоа што пожарот е во општина близу до општината со која тој раководи.

„До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора.

По разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, Општина Бутел својата меганизација ја стави на располагање и спремна за делување.

Вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествуваа во гаснење и локализирање на пожарите.

Остварив и телефонски разговор со општествено одговорни компании кои можат дел од својата градежна механизација да стават на располагање“, рече Костовски.



Слично

Поврзани вести