(ВИДЕО) „НЕ МОЖАМ ДА ГИ ДОНЕСАМ“, рече градоначалникот на Аеродром откако од „Стоп за Вардариште“ побараа да разговараат со сите надлежни
Општина Ародром, Гази Баба, Град Скопје, Министерство за животна средина, МВР, Комунална Хигиена, и Министерство за социјална политика, сите тие ни требаат. Сите тие ни требаат во понеделник затоа што тука ништо не правиме, видовме малку, но сакаме да дојдете на блокадата сите да дојдете, заедно да разговараме и да претставиме што ќе направиме понатаму - Ова беше барањето на „Стоп за Вардариште“ до в.д. градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, кој денеска отиде со нив во увид на Вардариште.
Го прашаа и градоначалникот дали може да му рече на премиерот да го повика министерот за животна средина, откако тој рече: „Не можам да ги донесам“.
„Можам да ги повикам, но не можам никого со сила да носам. Ако сметаат дека не треба да бидат присутни или ако не можат, а можам да ги повикам“, рече Митески
