Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Навреди и провокации на протестот пред Собрание - Излезете терористи

Видео: Навреди и провокации на протестот пред Собрание - Излезете терористи

Група на повозрасни жени кои се дел од протестот на граѓани пред Собранието на Република Македонија довикуваа недолични и навредливи пцовки кон пратениците, а особено кон собранискиот претседател Талат Џафери кој го нарекоа терорист на УЧК.

Пред Собранието има насобрано толпа од стотина демонстранти, а повеќето од нив протестираат мирно и достоинствено, само поединци велат дека повторно ќе влезат внатре алудирајќи дека ќе има инцидент доколку Законот за јазици биде изгласан.

Во 13 часот ќе биде познато што договориле собранискиот спикер Талат Џафери и пратеничките групи за понатамошната постапка за носење на Законот за јазици, а во преговорите се вклучени и партиските лидери. 

Слично

Поврзани вести