Видео: Напаѓачот веднаш уапсен, Тодоров се спасил од три куршуми
ТВ21 објави видео од моментот на апсењето на напаѓачот пред министерството за здравство кој се обиде да изврши атентатат врз поранешниот министер Никола Тодоров.
Според неофицијални информации лицето дошлo од зад грб на Тодоров, го вперило пиштолот и испукало три куршуми. Тодоров сепак, успеал да ја задржи присебноста и избегнал фатални повреди.
Веднаш по пукањето припадници на обезбедувањето го совладале напаѓачот кој е приведен од полицијата. Повеќе детали за обидот за атентат се очекуваат од МВР.
Слично
