Видео: Напаѓачот на Шекеринска не се извинува, сакал само да ја тргне
Лицето кое видливо ја потегна за коса пратеничката Радмила Шекеринска и за малку не ја турна на подот пред камерата на ТВ21 се правда дека не сакал да ја нападне туку да ја тргне од гужвата. Некој од толпата кажал остави ја жена e. Овој возрасен напаѓач вели дека нема намера да и се извини на Шекеринска за ништо.
За нападот на Шекеринска многу бездушни граѓани, дел од нив и функционери назначени од владејачката партија на социјалните мрежи упатуваа погрдни зборови прогласувајќи го овој старец за херој и дополнувајќи дека требало да ја доврши работата тепајќи жена.
Инаку пред овој инцидент Шекеринска беше погодена со тежок метален статив во главата но, тој напаѓач потоа се повлече од тепањето. Секако и тој е снимен од камерите и го има на бројни снимки направени со мобилен телефон или од видеата на телевизиските екипи.
Извор: tv21.mk
