Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

Ноќеска околу полноќ беше прекината во живо емисијата „Тешки муабети“ со Александар Митовски, Милош Милошевски и лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, откако во студиото се случил инцидент. Во моментот кога водителите најавија дека ќе преминат на темата за мигрантите, главниот уредник Митовски побара емисијата веднаш да се прекине поради силно тропање на вратата.

Емисијата беше прекината веднаш по тропањето, и како што велат од „Инфомакс“, била повикана веднаш полицијата. Откако завршил увидот и лицето било приведено, продолжи емисијата, во која уредникот на медиумот Александар Митовски соопшти детално што се случувало. 

„Додека траеше емисијата, дојде со такси и почна да удира по вратата која е заклучена со шифра, па ја скрши. Откако ја скрши вратата, стана Милош да види што се случува, потоа откако тргна да се качува нагоре, искрши уште една врата, па уште една и Милош пробуваше да спречи поголем инцидент, но впечатливо е дека лицето кое тука влезе, влезе да го брани премиерот од нашите напади, со муабетот „Кој си ти да го навредуваш премиерот“, дека ќе не убиел сите, дека ќе ни го извадел џигерот. Го удри Милош, се гледа на снимката, го нападна екс градоначалникот Јакимовски, замавнуваше по мене, ние сме новинари и службени лица, Јакимовски е претседател на опозициска политичка партија. Удираше со чаши. Милош и Филип го истуркаа надвор, па дојде полиција“, вели Митовски.

Лицето е приведено и ќе се гони по член 386 насилство, како и напад на службено лице.


Слично

Поврзани вести