Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Накрцан“ автобус на ЈСП предизвика реакција кај Влатко Ѓорчев

(ВИДЕО) „Накрцан“ автобус на ЈСП предизвика реакција кај Влатко Ѓорчев

Пратеникот Влатко Ѓорчев сподели видео од, како што се вели популарно меѓу скопјани, „накрцан“ автобус на ЈСП и упати обвинување до градоначалникот Петре Шилегов дека волку голем број на граѓани да се најдат во тесен и затворен простор.

„До Владата и Шилегов: Како да се држи растојание 1 метар??? Оставка !! Ги ризикувате ЖИВОТИТЕ на ИЛЈАДНИЦИ луѓе. Ова е ФИЈАСКО. Ве молам СПОДЕЛЕТЕ“, напиша Ѓорчев.

Не е познато каде и кога е направено видеото, но општоприфатливо мислење е дека голем број на граѓани се уште го користат јавниот градски превоз и покрај епидемијата со корона вирусот.


Се работи за автобус со број „22“ кој сообраќа од Волково до Транспортен центар.


Слично

Поврзани вести