Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАЈДЕНА Е ГОЛЕМА КОЛИЧИНА СОНЧОГЛЕД: Пожарот во Арачиново е подметнат

(ВИДЕО) НАЈДЕНА Е ГОЛЕМА КОЛИЧИНА СОНЧОГЛЕД: Пожарот во Арачиново е подметнат

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. 

„Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи“, изјави вечерва директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Тој вели дека најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата. 

„Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје. Гаснењето ќе биде сложено бидејќи обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново“, изјави Ангелов.

Повторно гори депонијата над Арачиново

Слично

Поврзани вести