ВИДЕО: На Евзони се чека по пет часа!
На граничниот премин Евзони вечерва се создадени долги колони возила, а задржувањето за излез од Грција достигнува и до пет часа.
Според информациите од терен, ситуацијата дополнително се влошила откако накратко се срушил системот на границата, што го забавило протокот на патници.
Патниците се соочуваат со бавно движење и зголемена нервоза, додека надлежните се обидуваат да ја нормализираат состојбата.
Се очекува гужвите да продолжат и во наредните часови, со оглед на зголемениот број возила по завршувањето на продолжениот викенд.
Слично
