(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави
Сообраќајна несреќа се случила доцна попладнево откако автобус удрил во стадо крави кое слободно се движело на автопатот Скопје-Тетово, објави ТВ21.
Засега нема информации за повредени луѓе. Несреќата предизвикала застој во сообраќајот и долги колони од возила на автопатот вечерва. На снимката на ТВ21 може да се видат скршеното ветробранско стакло на автобусот, една крава која лежи на коловозот, очигледно повредена, како и крави кои не го преживеале судирот.
Слично
