ВИДЕО: МВР заплени пари и мобилни телефони од угостителски објект во Охрид, привден сопственикот и сите гости меѓу кои Русинки и Украинки
Министерството за внатрешни работи изврши претреси во Охрид
при што еден угостителски објект кој работел во 18 часот е затворен.
Против сопственикот на угостителскиот објект е поднесена кривична пријава бидејќи работел по дозволеното време, иако претходно му била ставена пломба од страна на Државниот пазарен инспекторат. Во клубот биле сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина.
-Странските државјанки ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка оти биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола, информира МВР.
При претресот, извршен со наредба на судија, пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор.
Од полицијата информираат дека приведени се сопственикот и сите лица затекнати во објектот.
Локалот е повторно пломбиран и има забрана за работа во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело, оштетување и кинење на пломбата.
