Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МВР со рекордна заплена од 25 тони пиротехника, ја превезувал полицаец

(ВИДЕО) МВР со рекордна заплена од 25 тони пиротехника, ја превезувал полицаец

МВР објави дека пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице, а едно од двете уапсени лица е полициски службеник кој го придружувал превозот.

„На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.

При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје“, објави полицијата.

Подоцна пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

„Денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик“,се додава во информацијата.


Слично

Поврзани вести