ВИДЕО: МВР СО ПРВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АПСЕЊЕТО - тројца приведени во истрагата за загадената вода во Гостивар
По бројните објави од медиумите, стигна потврда од Министерство за внатрешни работи кое преку социјалните мрежи објави дека се уапсени три лица во врска со загадувањето на водата во Гостивар.
Согласно иницијалите и референците кои ги сподели МВР, меѓу уапсените е и директорката на јавното претпријатие Комуналец.
- Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод.
Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар.
Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за прибирање докази во предистражна постапка - се посочува во нивната објава во која воедно споделија и видео од внесувањето на уапсените во полициска станица.
Фото: Принтскрин/МВР
