(ВИДЕО) МВР: Пронајдена скопјанката која со „ауди“ возеше низ Жена парк
МВР објави дека е пронајдена и санкционирана скопјанка која со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а тоа беше објавено на социјалните мрежи.
- На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а снимка од настанот беше објавена и на социјална мрежа.
Против Л.Т. се поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објави полицијата.
Слично
