(ВИДЕО) МВР му го одзеде мотоциклот на велешанецот кој дивееше на детско игралиште, немал ниту дозвола
По реакцијата на социјалните мрежи и објавената видео снимка, МВР го приведе велешанецот и му го одзеде мотоциклот со кој што дивееше на игралиште во Велес.
„На 17.07.2026 во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки.
По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, објави МВР.
Слично
