Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МВР ГО ПОТВРДИ СЛУЧАЈОТ: Пријави и за таксистот и за жената за инцидентот на улица во Скопје

(ВИДЕО) МВР ГО ПОТВРДИ СЛУЧАЈОТ: Пријави и за таксистот и за жената за инцидентот на улица во Скопје

По видеото кое утринава осамна на социјалните мрежи а на кое експлицитно се гледа насилство врз жена ја зовре јавноста, од МВР посочуваат дека против двајцата учесници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
За Фактор од  МВР го потврдуваат случајот со детали дека истиот е пријавен во ПС Центар и се случил во текот на вчерашниот ден триесет минути по 15 часот.
„На 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје“ , посочија од МВР.
Како што се додава, со двајцата е разговарано и согласно член 11 од Законот за прекршоци  против јавниот ред и мир ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Од видеото кое може да го погледнете подолу се забележува полу-гола жена којашто стои покрај паркирано такси возило и се обидува нешто да му направи по што дотрчува таксист кој врши насилство врз жената и ја турка на земја.

Слично

Поврзани вести